Турција е 9-та земја според бројот на вакцинирани лица

Бердиклилев: „Турција изврши успешни работи во борбата против епидемијата Ковид-19 и е една од водечките земји, особено во вакцинацијата“

1669215
Турција е 9-та земја според бројот на вакцинирани лица

Бројот на вакцините против новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција изнесува над 52 милиони 177 илјади 632 дози.

Додека Турција е на 9-то место во светот според вкупниот број вакцини, бројот на вакцини на 100 лица е 61,78.

Заклучно со 15.27 часот според турско време, првата доза од вакцината се администрираше над 35 милиони 702 илјади 49 лица, додека втората над 15 милиони 541 илјади 120 лица.

Од друга страна, претставникот на Светската здравствена организација (СЗО) за Турција, доктор Батир Бердикличев, во изјавата за време на неговата посета на Измир рече дека Турција извршила успешни работи во борбата против епидемијата Ковид-19 и дека таа е една од водечките земји, особено во вакцинацијата.

Бердикличев изјави дека смета дека работата за вакцинација на Министерството за здравство е успешна.

„Навистина, стапките на вакцинација се на радосно ниво. Турција стана една од водечките земји во вакцинацијата. Гледаме дека вакцините се отворени за секого. Многу луѓе веќе примија 2 дози. Исто така започна и трета доза на вакцини. Неопходно е да се продолжи вакцинацијата со цел да се намали преносувањето на болеста. Турција од тој аспект е во многу добра ситуација“.



Слични вести