Во светот администрирани повеќе од 3 милијарди 80 милиони вакцини, Турција е на деветото место

Земја со најголем број администрирани вакцини досега е Кина со 1 милијарда 240 милиони дози, а Турција се наоѓа на деветото место со досега вкупно администрирани над 50 милиони 750 илјади дози вакцини

1668408
Во светот администрирани повеќе од 3 милијарди 80 милиони вакцини, Турција е на деветото место

Во светот досега се администрирани повеќе од 3 милијарди 80 милиони вакцини против новиот тип коронавирус (Ковид-19), додека Турција се наоѓа на деветото место со досега вкупно администрирани над 50 милиони 750 илјади дози вакцини 

Според интернет страницата Ourworldindata.org кадешто се сумирани податоците од администрираните вакцини против Ковид-19, земја со најголем број администрирани вакцини досега е Кина со 1 милијарда 240 милиони дози, а потоа редум следуваат Индија со 335 милиони 716 илјади, САД со 326 милиони 52 илјади, Бразил 101 милион 480 илјади, Англија 77 милиони 590 илјади, Германија 73 милиони 750 илјади, Франција 53 милиони 80 илјади, Италија 51 милион 560 илјади, Турција со 50 милиони 750 илјади, Мексико 45 милиони 110 илјади, Јапонија 44 милиони 910 илјади, Индонезија 42 милиони 740 илјади, Шпанија 41 милион 280 илјади, Русија 40 милиони 30 илјади, Канада 37 милиони 380 илјади, Полска 28 милиони 890 илјади и Чиле со 22 милиони 510 илјади.

Заклучно со денеска 02 јули 2021 година, петок во 07:45 часот (по турско време) во Турција се администрирани вкупно 50 милиони 753 илјади 603 дози вакцини против Ковид-19, од кои 35 милиони 158 илјади 731 лице ја примија првата доза вакцина, а 15 милиони 252 илјади 844 лица втората доза вакцина.

 



Слични вести