Руската вакцина „Спутник В“ со ефикасност од околу 90 проценти против делта варијантата на Ковид-19

Денис Логунов, заменик директорот на рускиот национален институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ истакна дека вакцината „Спутник В“ е со ефикасност од околу 90 проценти против делта варијантата, т.н. индиски сој на Ковид-19

1667077
Руската вакцина „Спутник В“ со ефикасност од околу 90 проценти против делта варијантата на Ковид-19

Како што е соопштено руската вакцина „Спутник В“ („Sputnik V“) којашто е развиена против новиот тип коронавирус (Ковид-19) е со ефикасност од околу 90 проценти против делта варијантата, односно т.н. индиски сој на коронавирусот.

Изјава по ова прашање пристигна од Денис Логунов, заменик директорот на рускиот Национален истражувачки центар Институтот за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ од чија страна е развиена вакцината.

Логунов истакна дека процентот на ефикасност на „Спутник В“ („Sputnik V“) е пресметан од дигиталните медицински регистри и ослонувајќи се на добиени податоци од регистрите за вакцинација.

Инаку, претходно беше соопштено дека руската вакцина „Спутник В“ („Sputnik V“) е ефикасна речиси 92 отсто против оригиналните варијанти на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

 



Слични вести