Бројот на вакцинираните лица со две дози вакцини против Ковид-19 во Турција надмина 15 милиони

Заклучно со 29 јуни 2021 година, вторник, во 15:07 часот (по турско време) бројот на вакцинираните лица против Ковид-19 во Турција со првата доза вакцина достигна до 33 милиони 927 илјади 394, а со втората доза вакцина до 15 милиони 003 илјади 872 лица

1666964
Бројот на вакцинираните лица со две дози вакцини против Ковид-19 во Турција надмина 15 милиони

Бројот на вакцинираните лица со две дози во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Турција надмина 15 милиони.

Во рамките на „Националната стратегија за вакцинирање против Ковид-19“ како последно беа отворени термини за вакцинирање на сите лица кои имаат наполнето 18 години, а воедно се пружа услуга за вакцинирање и на прометни места со луѓе како купопродажни центри, аеродроми, железнички и автобуски станици и сл.

Граѓаните избираат самите која вакцина сакаат да ја примат „Синовак“ или „БиоНТек“.

Според постојано ажурираните податоци на интернет адресата на Министерството за здравство covid19asi.saglik.gov.tr заклучно со денеска 29 јуни 2021 година, вторник, во 15:07 часот (по турско време) бројот на вакцинираните лица против Ковид-19 во Турција со првата доза вакцина достигна до 33 милиони 927 илјади 394, а со втората доза вакцина до 15 милиони 003 илјади 872 лица.

На тој начин вкупниот број на администрираните дози вакцини во Турција достигна до 48 милиони 931 илјада 266.



Слични вести