Успешно реализиран првиот лет на третиот прототип на хеликоптерот „Ѓокбеј“

Претседателот за одбранбена индустрија при претседателството Исмаил Демир соопшти дека успешно е реализиран првиот лет на третиот прототип на хеликоптерот „Ѓокбеј“ чии работи за сертификација продолжуваат

1666263
Успешно реализиран првиот лет на третиот прототип на хеликоптерот „Ѓокбеј“

Претседателот за одбранбена индустрија при претседателството Исмаил Демир во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека успешно е реализиран првиот лет на третиот прототип на хеликоптерот „Ѓокбеј“ чии работи за сертификација продолжуваат.

Демир го напиша следното: „Со овој лет којшто траеше приближно 40 минути кон тест активностите за летање додадовме уште еден нов прототип.“

Претседателот за одбранбена индустрија Исмаил Демир заедно со објавеното соопштение сподели и видео со снимките од полетувањето и слетувањето на хеликоптерот „Ѓокбеј“.



Слични вести