Адил Караисмаилоглу: „Турксат 5А“ е сателит со најобемен капацитет на сателитската флота „Турксат“

Министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу истакна дека „Турксат 5А“ (Türksat 5A) со својот капацитет од 1.728 мегахерци е сателит со најобемен капацитет на сателитската флота „Турксат“ со Ku-Band

1666309
Адил Караисмаилоглу: „Турксат 5А“ е сателит со најобемен капацитет на сателитската флота „Турксат“

Министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу во говорот што го одржа на церемонијата на ставање во функција на новиот комуникациски сателит на Турција „Турксат 5А“ (Türksat 5A) во кампусот на Турксат во Ѓолбаши во Анкара истакна дека „Турксат 5А“ (Türksat 5A) којшто ќе придонесе инфраструктурата на комуникацијата во Турција да биде воспоставена во усогласеност со иднината, со својот капацитет од 1.728 мегахерци е сателит со најобемен капацитет на сателитската флота „Турксат“ со Ku-Band.

Караисмаилоглу потсети дека сателитот „Турксат 5А“ (Türksat 5A) своето патување коешто го започна на 8 јануари го заврши на 4 мај со пристигнување на својата орбита 31 степен источно и дека по работите за тестирање и негово ставање во примена коишто траеја еден и пол месец, денеска е спремен да врши услуга.

Велејќи „Турксат 5А којшто ќе придонесе инфраструктурата на комуникацијата во Турција да ја воспоставиме во усогласеност со иднината, со својот капацитет од 1.728 мегахерци е сателит со најобемен капацитет на сателитската флота 'Турксат' со Ku-Band. Во споредба со нашите претходни комуникациски сателити располага за 30 отсто поголем капацитет.“ - Караисмаилоглу напомена дека „Турксат 5А“ (Türksat 5A) ќе нуди услуги за телевизиско емитување (радиофифузија) и за комуникација со податоци на една пространа географија на три континенти со која се опфатени Турција, Европа, Блискиот исток, Северна Африка, Централна и Западна Африка, Јужна Африка, Средоземното Море, Егејското Море и Црното Море.

Министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу информира дека другиот сателит од петтата генерација на комуникациски сателити „Турксат 5Б“ („Türksat 5B“) исто така ќе биде лансиран во вселената со помош на ракетата Спејс икс Фалкон 9 во последниот квартал на годината, а воедно додаде дека во Центарот за интеграција и тестирање на вселенските системи во Анкара продолжуваат работите за монтажа, интеграција и тестирање и на националниот комуникациски сателит 'Турксат 6А' ('Türksat 6A') за кој се планира да биде лансиран во вселената наредната година.

 



Слични вести