„Турксат 5А“ спремен да ја извршува својата задача во вселената

Новата петта генерација комуникациски сателит на Турција „Турксат 5А“ (Türksat 5A) од утре (28 јуни 2021 година) ќе почне да ја извршува својата задача

1665516
„Турксат 5А“ спремен да ја извршува својата задача во вселената

„Турксат 5А“ (Türksat 5A) со кој Турција ќе се искачи во лигата на земјите предводнички во сателитската комуникација е спремен за својата задача.

„Турксат 5А“ (Türksat 5A) беше лансиран во вселената на 8 јануари од вселенската база Кејп Канаверал во сојузната држава Флорида во Соединетите Американски Држави (САД).

По четири месечно патување во вселената стигна во својата орбита 31 степени источно, а потоа успешно го заврши и својот едно и пол месечен процес на тестирање.

Новата петта генерација комуникациски сателит на Турција „Турксат 5А“ (Türksat 5A) ќе почне да врши услуга по церемонијата што ќе се одржи утре во кампусот на Турксат во Ѓолбаши во Анкара, а на која ќе учествува и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Комуникацискиот сателит „Турксат 5А“ (Türksat 5A) откако ќе биде ставен во услуга ќе нуди услуги за телевизиско емитување (радиофифузија) и за комуникација со податоци на една пространа географија со која се опфатени Турција, Европа, Блискиот исток, Северна Африка, Централна и Западна Африка, Јужна Африка, Средоземното Море, Егејското Море и Црното Море.

Сателитот ќе ја издигне Турција во лигата на земјите предводници кои користат нов Ku-Band во светот, во  услугата со телевизиското емитување и комуникацијата со податоци.

„Турксат 5А“ (Türksat 5A) благодарение на електричниот погонски систем ќе врши услуга во текот на повеќе од 30 години во сферата на телевизиското емитување (радиодифузијата) и комуникацијата.

 



Слични вести