Варанк: Домашното и национално производство стави крај на зависноста од надвор

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк информира дека домашното и национално производство стави крај на зависноста од надвор

1664263
Варанк: Домашното и национално производство стави крај на зависноста од надвор

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк во говорот што го одржа на церемонијата на предавање на Прецизно водениот комплет-82 во Анкара истакна дека политичката независност на земјите веќе поминува од независноста во одбранбената индустрија и дека со домашното и национално производство се неутрализирани тајните и јавните ембарга коишто се применуваат во оваа сфера против Турција. 

Варанк рече дека домашното и националното производство во сферата на одбранбената индустрија стави крај на зависноста на Турција од надвор.

Велејќи дека Турција со домашно производство од над 70 отсто располага со одбранбена индустрија со промет од над 10 милијарди долари и извоз од над 3 милијарди долари, министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк рече: „Постигнавме голем напредок во копнените, воздушните и поморските системи. Го продолжуваме нашиот пат со голема брзина и елан со проекти како што се Хуркуш, МИЛГЕМ, МИЛДАР. Нашите беспилотни летала (ИХА) се наоѓаат на најпредните места на светскиот дневен ред, наоѓаат место на насловните страници на весниците. Иншаллах (со Аллахова помош-дозвола) откако ќе ги произведеме нашите борбени беспилотни летала (ИХАл светот ќе зборува за нив, а не за Ф-35. Моментално продолжува изградбата на нашиот брод ТЏГ Анадолу. Иншаллах ќе успееме да ги кренеме да полетаат и слетуваат нашите беспилотни летала (ИХА) со фиксни крилја на ТЏГ Анадолу. И откако ќе успееме во тоа ќе станеме единствената земја во светот која може да го направи тоа.“

 



Слични вести