Бројот на вакцинираните лица со првата доза вакцина во Турција надмина 30 милиони

Заклучно со денеска 24 јуни 2021 година, петок во 11:10 часот (по турско време) бројот на администрираните вакцини против Ковид-19 во Турција достигна до вкупно 44.883.919 дози од кои 30.205.377 со првата доза, а 14.678.542 лица со втората доза вакцина

1663779
Бројот на вакцинираните лица со првата доза вакцина во Турција надмина 30 милиони

Бројот на вакцинираните лица со првата доза вакцина против новиот тип коронавирус (Ко вид-19) во Турција надмина 30 милиони. 

Според постојано ажурираните податоци на интернет адресата на Министерството за здравство covid19asi.saglik.gov.tr заклучно со денеска 24 јуни 2021 година, четврток во 11:10 часот (по турско време) бројот на администрираните вакцини против Ковид-19 во Турција достигна до вкупно 44 милиони 883 илјади 919 дози од кои 30 милиони 205 илјади 377 лица се вакцинирани со првата доза, а 14 милиони 678 илјади 542 лица по првата доза ја примија и втората доза вакцина.

Моментално во Турција се вакцинираат граѓаните над 25 годишна возраст, а од утре (24 јуни 2021 година, петок) ќе можат да добиваат термини за вакцинирање и лицата над 18 годишна возраст.

На тој начин ќе се постигне значајна фаза во целта за имунизација во Турција.

 

 



Слични вести