Угур Шахин: Вакцината „БиоНТек“ е ефикасна и против варијантите на Ковид-19

Основачот на германската биотехнолошката компанија „БиоНТек“ („BioNTech“) проф. д-р Угур Шахин соопшти дека развиената вакцина е ефикасна и против варијантите на Ковид-19

1663575
Угур Шахин: Вакцината „БиоНТек“ е ефикасна и против варијантите на Ковид-19

Основачот на германската биотехнолошката компанија „БиоНТек“ („BioNTech“) проф. д-р Угур Шахин на генералниот годишен состанок на компанијата, во виртуелна средина, преку интернет, направи проценка на ефикасноста на вакцината „БиоНТек“ против варијантите на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Угур Шахин соопшти дека развиената вакцина е ефикасна и против варијантите на Ковид-19.

Тој рече: „Не постои доказ во однос на тоа дека нашата вакцина треба да се прилагоди кон постоечките варијанти.“  

Велејќи дека се водат и активности за да се биде подготвен во случај да затреба да се администрира трета доза вакцина, основачот на германската биотехнолошката компанија „БиоНТек“ („BioNTech“) проф. д-р Угур Шахин соопшти дека затоа постојано ја анализираат ефикасноста на вакцината против новите варијанти на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

 



Слични вести