Во Турција во последните 24 часа администрирани 1 милион 538 илјади 144 дози вакцини

Министерот Коџа на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Бројот на администрираните вакцини до 00:00 часот изнесува 1 милион 538 илјади 144 дози. Нашите екипи за вакцинирање во текот на 24 часа најмногу го употребија зборот 'следниот'.“

1661006
Во Турција во последните 24 часа администрирани 1 милион 538 илјади 144 дози вакцини

Министерот за здравство Фахреттин Коџа истакна дека во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во последните 24 часа се администрирани 1 милион 538 илјади 144 дози вакцини.

Министерот Коџа во споделената објава вчера на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „Бројот на администрираните вакцини до 00:00 часот изнесува 1 милион 538 илјади 144 дози. Нашите екипи за вакцинирање во текот на 24 часа најмногу го употребија зборот 'следниот'. Дали може да се опише подобро нешто поголемо со само еден збор?“

Во меѓувреме, според постојано ажурираните податоци на интернет адресата на Министерството за здравство covid19asi.saglik.gov.tr заклучно со денеска 19 јуни 2021 година, сабота, во 11:15 часот (по турско време) бројот на администрираните вакцини против Ковид-19 во Турција достигна до вкупно 40 милиони 544 илјади 945 дози од кои 26 милиони 235 илјади 404 лица се вакцинирани со првата доза, а 14 милиони 309 илјада 541 лице по првата доза ја примија и втората доза вакцина.

 



Слични вести