Турската флота уште посилна со националната антибродска ракета „Атмаџа“

Турската флота станува уште посилна со националната антибродска ракета „Атмаџа“ чии тест истрели се реализирани со стопроцентна прецизност

1661187
Турската флота уште посилна со националната антибродска ракета „Атмаџа“

Турската одбранбена индустрија со  антибродската ракета „Атмаџа“ фрли уште еден значаен чекор на патот на обезбедување на потребите на Турските вооружени сили (ТВС) со домашни и национални производи.

Ракетата „Атмаџа“ е производна за намалување на зависноста на Турција од надвор, обезбедување на потребите на Командата на поморските сили и за развивање на оружје за одвраќање со национални можности.

„Атмаџа“ која на хартија располага со дострел од 220 километри за време на тест исѕрелите докажа дека може да достигне до дострел од 250 километри. 

Со антибродската ракета „Атмаџа“ досега се реализирани повеќе од 20 истрели, а воедно во реализираните тестирања од ноември 2016 година досега постојано е постигнат развој.

Со последното реализирано тестирање со боева глава е остварен истрел за квалификациона производна линија. 

Од бродот „ТЏГ Киналиада“ (TCG Kınalıada) согласно подготвеното сценарио е реализиран истрел врз бродот „Атмаџа“ кој е изваден од употреба.

Тестирањето беше следено со бројни елементи од Тест центарот во Синоп.

Договорот за сериско производство на „Атмаџа“ беше потпишан на 29 октомври 2018 година.

Со тест истрелот во кој беше употребена ракетата број 1 којашто излезе од сериско производство е квалифицирана и линијата за сериско производство.

РОКЕТСАН ракетите „Атмаџа“ коишто се излезени од сериско производство во 2021 година ќе им ги придаде на бродовите во инвентарот на Турските вооружени сили (ТВС) на чело бродовите од проектот „МИЛГЕМ“. 



Слични вести