Во Турција во еден ден администрирани рекордни 1 милион 582 илјади 232 дози вакцини

Министерот за здравство Фахреттин Коџа на својот профил на социјалната мрежа Твитер соопшти дека вчера (17 јуни 2021 година, четврток) за еден ден се администрирани рекордни 1 милион 582 илјади 232 дози вакцини

1660372
Во Турција во еден ден администрирани рекордни 1 милион 582 илјади 232 дози вакцини

Вчера беше соборен рекордот од 1,5 милиони дози вакцини за коишто се имаше за цел да бидат администрирани за еден ден во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19). 

Веста ја соопшти министерот за здравство Фахреттин Коџа на својот профил на социјалната мрежа Твитер.

Велејќи дека вчера (17 јуни 2021, четврток) на 2 часа 17 минути пред да бидат наполнети 24 часа е администрирана 1,5 милионската доза вакцина, министерот за здравство Фахреттин Коџа, на својот профил го напиша следното: „Денеска, во 21:43 часот е администрирана 1,5 милионската доза вакцина. Нашата армија за вакцинирање за 2 часа 17 минути администрира 82.232 дози вакцини. На тој начин во последните 24 часа достигнавме до  1 милион 582 илјади 232 дози вакцини. Од 00:00 часот започна работното време во новиот ден. Спијте спокојно. Добра ноќ.“



Слични вести