Бројот на администрираните дози вакцини во Турција надмина 40 милиони

Министерот за здравство Фахреттин Коџа во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Стигнавме до 40 милиони дози. Меѓу 206 земји сме девета земја со најголем број администрирани дози вакцини.“

1660845
Бројот на администрираните дози вакцини во Турција надмина 40 милиони

Бројот на администрираните вакцини во Турција во рамките на борбата против новиот тип коронавирус (Ковид-19), заедно со првата и втората доза надмина 40 милиони.

Министерот за здравство Фахреттин Коџа во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер го напиша следното: „Стигнавме до 40 милиони дози. Меѓу 206 земји сме девета земја со најголем број администрирани дози вакцини. Нашиот здравствен персонал во некој ден им пружа услуга со вакцинирање на 6.000 лица. Нашите можности се големи, нашата солидарност е висока. Резултатите не се изненадување.“

Во борбата на Турција против Ковид-19 според постојано ажурираните податоци на интернет адресата на Министерството за здравство covid19asi.saglik.gov.tr заклучно со денеска 18 јуни 2021 година, петок, во 17:45 часот (по турско време) бројот на администрираните вакцини против Ковид-19 во Турција достигна до вкупно 40 милиони 112 илјади 285 дози од кои 25 милиони 843 илјади 6259 лица се вакцинирани со првата доза, а 14 милиони 269 илјада 026 лица по првата доза ја примија и втората доза вакцина.

 



Слични вести