Угур Шахин предупреди за можен четврти бран на Ковид-19

Основачкиот партнер и висок раководител на германската компанија "БионТек" Угур Шахин предупреди за можен четврти бран вна пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1660142
Угур Шахин предупреди за можен четврти бран на Ковид-19

Основачкиот партнер и висок раководител на германската компанија "БионТек" Угур Шахин кој говореше на конференцијата на едно неделно списание кое се објавува во Соединетите Американски Држави (САД) истакна дека може да дојде до раст во бројот на случаите на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Тој рече: „Доколку не бидеме внимателни и доволно претпазливи во некои области би можеле да се соочиме со четврти бран.“

Подвлекувајќи дека зголемувањето на случаите ќе го даде сигналот за четвртиот бран, Шахин подвлече дека треба да се биде внимателен против варијантата "Делта".

Угур Шахин привлече внимание дека и покрај тоа што во Велика Британија приближно 50 отсто од граѓаните се вакцинирани со втората доза вакцина, варијантата "Делта" сеуште продолжува да се шири.

Предупредувајќи ги и оние кои имаат доверба во тоа што се вакцинирани, Шахин потсети дека откако ќе поминат 6 месеци од вакцинирањето опаѓа нивото на антитела и има потреба од повторно вакцинирање.

Угур Шахин воедно подвлече дека планираат да го зголемат производството на вакцини.

 



Слични вести