Турција собори рекорд во вакцинирањето со еден милион лица за само еден

Количината на вакцини од прва и втора доза применети во борбата против коронавирусот во последните 24 часа се зголеми на 1 милион 240 илјади 311

1659036
Турција собори рекорд во вакцинирањето со еден милион лица за само еден

 

Вчера, во борбата против новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција, беа вакцинирани над 1 милион дози вакцини за еден ден и на тој начин беше соборен рекорд во вакцинацијата.

Количината на вакцини од прва и втора доза применети во борбата против коронавирусот во последните 24 часа се зголеми на 1 милион 240 илјади 311.

Според моменталните податоци достапни на адресата „covid19asi.saglik.gov.tr“ на Министерството за здравство, вкупниот износ на администрирани дози достигна 36 милиони 95 илјади 162.

Министерот за здравство Фахретин Коџа на својот Твитер профил изјави дека ја достигнале целта на 1 милион дози вакцини.

Коџа објави дека во последните 24 часа биле администрирани 1 милион 240 илјади 311 доза вакцина.



Слични вести