Министерот Варанк: Светот ќе зборува за турските беспилотни летала „ИХА“, а не за „Ф-35“

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк истакна дека светот ќе зборува за турските беспилотни летала „ИХА“, а не за „Ф-35“

1654931
Министерот Варанк: Светот ќе зборува за турските беспилотни летала „ИХА“, а не за „Ф-35“

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк говореше на церемонијата на свеченото отворање на Саемот за продуктивност и технологија што се одржа во Анкара, а на кое присуствуваше и потпретседателот Фуат Октај.

Министерот Мустафа Варанк истакна дека Турција е меѓу неколкуте земји во светот кои инвестираат во технологијата на борбените беспилотни летала (ИХА) и го рече следното: „Откако ние ќе ги изнесеме на пазарот нашите борбени беспилотни летала (ИХА) бидете сигурни дека светот ќе зборува на борбените беспилотни летала (ИХА) на Турција, а не за борбените авиони „Ф-35“.“

Потсетувајќи дека Турција во првиот квартал од годината со раст од 7 отсто е едната од земјите со остварен најголем раст меѓу земјите на Г-20, Варанк истакна дека производствената индустрија е сектор којшто има најголем придонес во овој раст. 

Министерот Варанк нагласи дека се зголемува брзината во секоја сфера за да се стане предводничка земја во напредната технологија во светот и го рече следното: „Денеска турските наоружани беспилотни летала (СИХА) развиени од страна на турските инженери одбројуваат денови за да летаат на небото над Европа.“

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк, исто така нагласи дека во моментов во светот се говори за технологиите на беспилотните летала развиени од страна на Турција.

„Мене постојано ме прашуваат за тоа што мислам во врска со програмата на Ф-35. Ф-35 е навистина успешен авион, меѓутоа ние неговиот еквивалент го развиваме со проектот на национален борбен авион. Вон тоа, Турција моментално е една од неколкуте земји кои инвестираат во технологијата на борбените беспилотни летала (ИХА). Иншаллах (се надевам, со Аллахова помош и дозвола) откако ние ќе ги изнесеме на пазарот нашите борбени беспилотни летала (ИХА) бидете сигурни дека светот ќе зборува за борбените беспилотни летала (ИХА) развиени од страна на Турција, а не за Ф-35.“ - подвлече министерот Варанк.

 



Слични вести