Турските наоружани беспилотни летала „СИХА“ овојпат се најдоа на дневниот ред на француските медиуми

Францускиот новинар Бенауда Абдедаим истакна дека домашните и национални наоружани беспилотни летала (СИХА) коишто ги произведува Турција го променија текот на војните во Сирија и во Карабах

1653387
Турските наоружани беспилотни летала „СИХА“ овојпат се најдоа на дневниот ред на француските медиуми

Францускиот новинар Бенауда Абдедаим беше гостин во програмата на телевизискиот канал „BFM Business“ кадешто ги раскажа чекорите коишто ги презема Турција во сферата на одбранбената индустрија.

Абдедаим истакна дека домашните и национални наоружани беспилотни летала (СИХА) коишто ги произведува Турција го променија текот на војните во Сирија и во Карабах.

Бенауда Абдедаим потсети дека дронот „Каргу-2“ којшто минатата година беше користен во Либија е внесен во извештајот на Обединетите нации (ОН)и привлече внимание дека за прв пат една конфликтна област стана цел на летало кое функционира целосно автономно без да се контролира од страна на луѓето.

Велејќи дека турските наоружани беспилотни летала (СИХА) го промени текот на војните во Сирија и во Карабах, а воедно се ефикасни и против сепаратистичко-терористичката организација ПКК во северниот дел на Ирак, Абдедаим рече дека Азербејџан со турските наоружани беспилотни летала се стекна со сила против Ерменија.

Францускиот новинар Бенауда Абдедаим додаде дека и Полска која е членка на НАТО купи турски наоружани беспилотни летала „СИХА“ „Бајрактар ТБ2“ („Bayraktar TB2“).



Слични вести