Во инвентарот на Командата на копнените сили на Турција вклучен уште еден хеликоптер „Атак“

Министерството за национална одбрана соопшти дека во инвентарот на Командата на копнените сили на Турција е вклучен уште еден хеликоптер „Атак“ од типот „Т-129“ со конфигурација „Фаз-2“

1652395
Во инвентарот на Командата на копнените сили на Турција вклучен уште еден хеликоптер „Атак“

Во инвентарот на Командата на копнените сили на Турција е вклучен уште еден хеликоптер „Атак“.

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека со приклучувањето кон инвентарот на уште еден хеликоптер „Атак“ од типот „Т-129“ со конфигурација „Фаз-2“ бројот на хеликоптерите „Атак“ во склопот на Командата на копнените сили достигна до 54.

Во соопштението се вели дека со хеликоптерот „Атак“ со конфигурација „Фаз-2“ којшто е развиен со национални можности од страна на домашни компании за одбранбена индустрија, како додаток на постоечките „Системите за самоодбрана за електронско војување“ се поставени приемник за предвремено предупредување, приемник за ласерско предупредување и системи за мешање на радиофреквенции, со што е зголемена ефикасноста на самоодбрана на хеликоптерите.



Слични вести