За турските наоружани беспилотни летала (СИХА) ќе се дискутира на панел во виртуелна средина

На панелот што ќе се одржи на 28 мај во 14:00 часот по локално време (16:00 часот по турско време) во виртуелна средина ќе се дискутира за турските наоружани беспилотни летала (СИХА)

1644863
За турските наоружани беспилотни летала (СИХА) ќе се дискутира на панел во виртуелна средина

За турските воени наоружани беспилотни летала (СИХА) и можностите за соработка во одбранбената сфера помеѓу Анкара и Лондон ќе се дискутира на панел во виртуелна средина.

Заедничката манифестација на тинк-тенк организациите Сиркл Фондејшн (Circle Foundation) и Институтот на кралските вооружени сили на Велика Британија (RUSI) ќе започне на 28 мај во 14:00 часот по локално време (во 16:00 часот по турско време).

На панелот под наслов: „Дроновите на Турција: Проценка на способностите, целите и заклучоците“ ќе имаат свои излагања извршниот директор на „Бајкар Савунма“ (Baykar Savunma) Халук Бајрактар, искусниот член на Европскиот совет за надворешни прашања (ECFR) д-р Улрике Франке, заменик истражувачот на EDAM д-р Еш Роситер и директорот на програмата за безбедносно и одбранбено истражување на тинк-тенк организацијата EDAM д-р Џан Касапоглу. 

На панелот ќе се дискутира за програмата на наоружаните беспилотни летала (СИХА) на Турција и целите, стратегијата и влијанието коишто ги создадоа во регионот. 

Освен тоа ќе биде направена проценка и на можностите за соработка во одбранбената сфера помеѓу Турција и Велика Британија.

 



Слични вести