Полска ќе купи од Турција наоружани беспилотни летала (СИХА) „Бајрактар ТБ2“

Договорот се очекува да биде потпишан за време на посетата на полскиот претседател Андржеј Дуда што ќе ја оствари на 24 и 25 мај на Турција

1643823
Полска ќе купи од Турција наоружани беспилотни летала (СИХА) „Бајрактар ТБ2“

Полска ќе купи од Турција 24 наоружани беспилотни летала (СИХА) „Бајрактар ТБ2“ („Bayraktar TB2“).

Како што е соопштено првата испорака ќе биде остварена во 2022 година.

Договорот се очекува да биде потпишан за време на посетата на полскиот претседател Андржеј Дуда што ќе ја оствари на 24 и 25 мај на Турција. 

Полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак официјално соопшти дека неговата земја ќе купи од Турција 24 наоружани беспилотни летала (СИХА) „Бајрактар ТБ2“ заедно и со нивна антитенковска муниција.

Министерот Блашчак кој учествуваше во една радио програма рече: „Разговаравме за договор за купување на 24 наоружани беспилотни летала 'Бајрактар ТБ2' со 4 комплети, односно опремени со антитенковска муниција.“

Упатувајќи пофалби со зборовите „Полската армија ја зајакнуваме со Бајрактар. Докажано оружје, оружје со ефикасност за одвраќање на напаѓачот.“ - полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак нагласи дека договорот содржи и пакет за логистика и образование.

На тој начин, откако турските наоружани беспилотни летала (СИХА) „Бајрактар ТБ2“ („Bayraktar TB2“) ќе пристигнат во Полска за прв пат една земја членка на НАТО ќе располага со купени наоружани беспилотни летала од Турција.

 



Слични вести