Министерот Варанк соопшти кога ќе биде произведена домашната вакцина против Ковид-19

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк информира дека домашната вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19) чии студии продолжуваат доколу биде успешна во нејзините тестирања врз луѓе ќе биде произведена пред крајот на годината

1643522
Министерот Варанк соопшти кога ќе биде произведена домашната вакцина против Ковид-19

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк заедно со министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли го посети Институтот за ветеринарна контрола во населбата Пендик во Истанбул.

Министерот Варанк во говорот што го одржа овде истакна дека Инстутот е многу значајна постројка кадешто се реализираат предклиничките студии, експериментите и тестирањата при иститувањата за вакцина и инактивна вакцина.

Тој информира дека домашната вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19) чии студии продолжуваат доколу биде успешна во нејзините тестирања врз луѓе ќе биде произведена пред крајот на годината.

„Доколку видиме дека нашата вакцина е успешна во нејзините тестирања врз луѓе, би можеле да кажеме дека ќе ја развиеме нашата домашна и национална вакцина пред крајот на годината.“ - рече министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк. 

 

 



Слични вести