Турција и Унгарија се договорија за меѓусебно признавање на сертификатите за вакцина против Ковид-19

Петер Сијарто на својот профил на Фејсбук напиша: „Турските и унгарските граѓани кои примиле вакцина против Ковид-19 и имаат сертификат за тоа, можат да патуваат меѓу двете земји без задолжителност од тестирање или карантин“

1637421
Турција и Унгарија се договорија за меѓусебно признавање на сертификатите за вакцина против Ковид-19
turkiye-macaristan.jpg
Türkiye'de Covid-19 aşı programı.jpg

Како што е соопштено, Турција и Унгарија донесоа одлука за меѓусебно признавање на сертификатите за вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Унгарскиот министер за надворешни работи и надворешна трговија Петер Сијарто во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук го истакна следното: „Турските и унгарските граѓани кои примиле вакцина против Ковид-19 и имаат сертификат за тоа, можат да патуваат меѓу двете земји без задолжителност од тестирање или карантин.“

Сијарто соопшти дека овој договор помеѓу двете земји ќе стапи на сила почнувајќи од утре (11 мај 2021 година, вторник).



Слични вести