Бројот на вакцинираните граѓани во Турција со две дози вакцини против Ковид-19 надмина 10 милиони

Заклучно со 10:30 часот по турско време 14 милиони 352 илјади 956 лица ја примија првата доза вакцина, а 10 милиони 680 илјади лица се вакцинирани со две дози вакцини

1635096
Бројот на вакцинираните граѓани во Турција со две дози вакцини против Ковид-19 надмина 10 милиони

Бројот на вакцинираните граѓани во Турција со две дози вакцини против новиот тип коронавирус (Ковид-19) надмина 10 милиони.

Според добиените податоци коишто постојано се ажурираат во живо на „Платформата за информирање за вакцината против Ковид-19“ на Министерството за здравство,  заклучно со 10:30 часот по турско време 14 милиони 352 илјади 956 лица ја примија првата доза вакцина, а 10 милиони 680 илјади лица се вакцинирани со две дози вакцини.

На тој начин вкупниот број на администрирани вакцини против новиот тип коронавирус (Ковид-19) достигна до 24 милиони 353 илјади 636 лица.

Во рамките на програмата за вакцинација против Ковид-19 во Турција моментално се користат вакцините „Синовак“ СиноВак (Sinovac) и „БионТек“ (BioNTech), додека во текот на овој месец се очекува да пристигне и првата пратка на руската вакцина „Спутник В“ (Sputnik V).

Во меѓувреме, се има за цел за неколку недели да заврши и третата фаза од испитувањата на домашната инактивна вакцина на Универзитетот Ерџијес (ERÜ). 

Во Турција во моментов се водат студии во врска со 18 кандидати за развивање на домашна вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

 



Слични вести