Успешно тестиран првиот домашен мотор на Турција за тенкови и оклопни возила „БАТУ“

Претседателот за одбранбена индустрија Исмаил Демир на својот профил на Твитер напиша: „Успешно е реализирано палењето на нашиот прв мотор 'БАТУ' од 1.500 коњски сили развиен од страна на BMC Power за тенкови, разни оклопни возила и машини“

1634645
Успешно тестиран првиот домашен мотор на Турција за тенкови и оклопни возила „БАТУ“

Успешно реализирано палењето на првиот домашен мотор на Турција „БАТУ“ од 1.500 коњски сили развиен за тенкови, разни оклопни возила и машини.

Претседателот за одбранбена индустрија Исмаил Демир во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер соопшти дека одбранбената индустрија напредува со сигурни чекори и во технологијата на мотор.

Демир во објавата напиша: „Успешно е реализирано палењето на нашиот прв мотор 'БАТУ' од 1.500 коњски сили развиен од страна на BMC Power, за тенкови, разни оклопни возила и машини. Го произведуваат нашите инженери.“

Претседателот за одбранбена индустрија Исмаил Демир во споделената објава ги објави и снимките од моментот на првото палење (стартување) на моторот.

 



Слични вести