Турскиот комуникациски сателит „Турксат 5А“ се позиционира во својата орбита

Министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу соопшти дека комуникацискиот сателит на Турција Турксат 5А заклучно со 3 мај се позиционира во својата орбита 31 степен источно

1633774
Турскиот комуникациски сателит „Турксат 5А“ се позиционира во својата орбита

Министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу во дадената изјава во Анкара информира дека комуникацискиот сателит „Турксат 5А“ кој беше лансиран во јануари заклучно со вчерашниот ден се позиционира во својата орбита 31 степен источно.

Караисмаилоглу истакна дека комуникацискиот сателит „Турксат 5А“ го продолжува своето патување во орбитата и рече: „Нашиот сателит Турксат 5А заклучно со 3 мај пристигна во својата орбита 31 степени источно. Нашиот сателит ќе почне да пружа услуга во Земјата по јуни. Откако нашиот комуникациски сателит ќе биде ставен во услуга ќе ги опфати Турција, Европа, Блискиот исток, Северна Африка, Централна и Западна Африка, Јужна Африка, Средоземното Море, Егејското Море и Црното Море.“

Нагласувајќи дека сателитот ќе ја издигне Турција во лигата на земјите предводници кои користат нов Ку-Банд во светот во услугата за комуникација со податоци со телевизиско емитување, Караисмаилоглу појасни дека Турксат 5А благодарение на електричниот погонски систем ќе врши услуга во сферите на телевизиското емитување и комуникацијата во период од над 30 години.

Министерот Адил Караисмаилоглу подвлече дека сообраќајот на комуникациски сателити на Турција и во иднина ќе се интензивира и го рече следното: „И комуникацискиот сателит Турксат 5Б чиј процес на производство е при крај имаме за цел да го лансираме во вселената во четвртиот квартал на годината.“

Истакнувајќи дека интензивно продолжуваат процесите на производство и интеграција и на комуникацискиот сателит Турксат 6А чии работи за развивање и производство со национални можности продолжуваат, министерот за транспорт и инфраструктура Адил Караисмаилоглу рече: „Турксат 6А планираме да го испратиме во вселената во 2022 година.“

 



Слични вести