Домашната вакцина на Турција против Ковид-19 ќе биде ставена во употреба на крајот на годината

Претседателот на Институцијата за научни и технолошки истражувања на Турција (ТУБИТАК) Хасан Мандал информира дека домашната вакцина којашто се развива против Ковид-19 ќе биде ставена во употреба на крајот на годината

1633080
Домашната вакцина на Турција против Ковид-19 ќе биде ставена во употреба на крајот на годината

Претседателот на Институцијата за научни и технолошки истражувања на Турција (ТУБИТАК) Хасан Мандал даде изјава за информативниот канал ТРТ Хабер во врска со последната состојба со студиите за развивање на домашна вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Хасан Мандал информира дека домашната вакцина којашто се развива против Ковид-19 ќе биде ставена во употреба на крајот на годината. 

Велејќи дека станува збор за студии на 7 домашни вакцини коишто се водат во координација на ТУБИТАК, Мандал потсети дека фазните испитувања на едната од овие вакцини, вакцината којшто се базира на честички слични на вирус (наречена ВЛП или VLP вакцина) се започнати на 27 март.

Хасан Мандал подвлече дека околу крајот на мај и почетокот на јуни ќе се започне со втората фаза од испитувањата и го рече следното: „Се надевам дека во август третата фаза од испитувањта и на крајот на 2021 година ќе ја развиеме иновативната ВЛП вакцина и ќе ја ставиме во колективна употреба.“

Претседателот на Институцијата за научни и технолошки истражувања на Турција (ТУБИТАК) Хасан Мандал информираше и во врска со студиите за развивање на лек против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Хасан Мандал истакна дека ова недела ќе започне втората фаза од испитувањата на два нови лекови и во август ќе можат да се користат во лекувањето.



Слични вести