Турција одобри итна употреба на вакцината „Спутник В“

Министерот за здравство Фахреттин Коџа во споделената објава на својот профил на социјалната медија соопшти дека Институцијата за лекови и медицински уреди на Турција (TİCK) одобри итна употреба на руската вакцина „Спутник В“

1631654
Турција одобри итна употреба на вакцината „Спутник В“

Министерот за здравство Фахреттин Коџа соопшти дека Институцијата за лекови и медицински уреди на Турција (TİCK) одобри итна употреба на руската вакцина „Спутник В“.

На тој начин, Турција, по кинеската вакцина „Синовак“ (Sinovac) и вакцината „БиоНТек“ (BioNTech) чие производство се реализира од страна на турскиот научник проф. д-р Угур Шахин во Германија, ја внесува во својата програма за вакцинација и руската вакцина „Спутник В“ (Sputnik V).

Министерот за здравство Фахреттин Коџа во споделената објава на својот профил на социјалната медија соопшти дека Институцијата за лекови и медицински уреди на Турција (TİCK) одобри итна употреба на руската вакцина „Спутник В“.

Бројот на администрираните вакцини против новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Турција надмина вкупно 22 милиони.

Бројот на вакцинираните турски граѓани со првата доза вакцина изнесува 13 милиони, а и со втората доза надмина 9 милиони.



Слични вести