Угур Шахин: Во јуни сакаме да и испратиме на Турција 30 милиони дози вакцини

Основачкиот партнер на германската биотехнолошка компанија „БиоНТек“ проф. д-р Угур Шахин истакна дека во јуни се посакува да и бидат испратени на Турција 30 милиони дози вакцини

1630218
Угур Шахин: Во јуни сакаме да и испратиме на Турција 30 милиони дози вакцини

Основачкиот партнер на германската биотехнолошка компанија „БиоНТек“ (BioNTech) проф. д-р Угур Шахин од чија страна е развиена вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19), на одржаната прес-конференција преку интернет, во виртуелна средина, на Здружението на странските новинари во Германија истакна дека посакуваат да и дадат колку што е можно повеќе вакцини на Турција, меѓутоа појасни дека тие вакцини треба најпрвин да бидат произведени.

Угур Шахин потсети дека со недели како одржуваат разговори со министерот за здравство на Турција Фахреттин Коџа и го рече следното: „Сега ги предадовме првите дози. Зборуваме да и испратиме многу повеќе на Турција. Меѓутоа, за тоа треба да работиме на нашиот капацитет на производство. Доколку се се одвива како што треба во јуни сакаме да и испратиме на Турција 30 милиони дози вакцини. Зборуваме во јули и август да испратиме уште повеќе дози.“



Слични вести