Пристигнаа првите фотографии од мини хеликоптерот „Инџенуити“ од површината на Марс

Во објавеното соопштение на интернет страницата на НАСА се споделени 2 фотографии во боја сликани за време на остварениот втор лет на мини хеликоптерот „Инџенуити“ (Ingenuity) на 22 април, а на кои се гледа површината на Марс

1629621
Пристигнаа првите фотографии од мини хеликоптерот „Инџенуити“ од површината на Марс

Пристигнаа на Земјата првите фотографии сликани од страна на мини хеликоптерот „Инџенуити“ (Ingenuity) кој со вселенското летало, извидувачкиот ровер „Персеверанс“ од страна на Американската агенција завселенски истражувања (НАСА) беше испратен на планетата Марс.

Во објавеното соопштение на интернет страницата на НАСА се споделени 2 фотографии во боја сликани за време на остварениот втор лет на мини хеликоптерот „Инџенуити“ (Ingenuity) на 22 април, а на кои се гледа површината на Марс.

Во соопштението се истакнува дека мини хеликоптерот „Инџенуити“ (Ingenuity) тежок приближно 1,8 килограми се крена 5,2 метри над површината на Марс по што леташе околу 80 секунди и за време на овој свој кус но амбициозен и значаен лет ги сними првите снимки со поставената камера за снимање во боја.

Мини хеликоптерот „Инџенуити“ (Ingenuity) беше донесен на планетата Марс со вселенското летало од типот ровер „Персеверанс“ (Perseverance) и со лето од приближно една минута што го изведе на 19 април премина во историјата како „прво воздушно летало коешто леташе на една друга планета“.



Слични вести