Постигнат договор за производство на руската вакцина „Спутник В“ во Турција

Рускиот фонд за директни инвестирања (РДИФ) соопшти дека е постигнат договор со една фармацевтска компанија од Турција за производство на вакцината против Ковид-19 „Спутник В“

1628503
Постигнат договор за производство на руската вакцина „Спутник В“ во Турција
sputnik aşı süper
Sputnik V SPR.jpg
Covid-19 rus aşısı Sputnik V.jpg

Рускиот фонд за директни инвестирања (РДИФ) и една фармацевтска компанија од Турција постигнаа договор за производство на вакцината против Ковид-19 „Спутник В“ во Турција.

Во објавеното соопштение од страна на Рускиот фонд за директни инвестирања (РДИФ) по прашањето се истакнува дека е постигнат договор со една фармацевтска компанија за производство на вакцината против Ковид-19 „Спутник В“.

Како што се истакнува фармацевтската компанија има за цел во наредните месеци да започне со производство на вакцината „Спутник В“ во голем број фабрики во Турција.

Вакцината „Спутник В“ е развиена од страна на рускиот Национален институт за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“.

На почетокот на оваа година научното медицинско списание „Лансет“ (The Lancet) соопшти дека прицентот на ефикасност на вакцината „Спутник В“ изнесува 91,6 отсто.



Слични вести