Наоружаното беспилотно летало „АКСУНГУР“ успешно ја погоди целта со умна муниција „KGK-SİHA-82“ тешка 340 кг

Претседателот за одбранбена индустрија Исмаил Демир информира дека наоружаното беспилотно летало „АКСУНГУР“ успешно ја погоди целта со умна муниција „KGK-SİHA-82“ тешка 340 килограми, на оддалеченост од 30 километри

1627919
Наоружаното беспилотно летало „АКСУНГУР“ успешно ја погоди целта со умна муниција „KGK-SİHA-82“ тешка 340 кг

Наоружаното беспилотно летало (СИХА) „АКСУНГУР“ развиено од страна на Турската воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) со умна муницијата тешка 340 килограми којашто ја употреби за прв пат, ја погоди успешно поставената цел на оддалеченост од 30 километри.

Претседателот за одбранбена индустрија Исмаил Демир во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер под насловот „Ние со одлучност го продолжуваме нашиот пат“, истакна дека наоружаните беспилотни летала (СИХА) зајакнуваат со тест истрелите со нова умна муниција.

Демир информира дека наоружаното беспилотно летало „АКСУНГУР“ развиено од страна на Турската воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ), со умна муниција KGK-SİHA-82 тешка 340 килограми којашто ја употреби за прв пат, ја погоди успешно поставената цел на оддалеченост од 30 километри.

Претседателот за одбранбена индустрија Исмаил Демир им честита на Турската воздухопловна и вселенска индустрија (ТУСАШ) и Институтот за истражување и развивање за одбранбена индустрија (ТУБИТАК САГЕ), а воедно ги сподели и снимките во врска со реализираниот тест истрел.

 



Слични вести