Селчук Бајрактар: Го забрзавме проектот за национален беспилотен борбен авион

Техничкиот директор на „Бајкар Макина“ Селчук Бајрактар соопшти дека е забрзан проектот на националниот беспилотен борбен авион и дека се има за цел во 2023 година да биде остварен првиот лет на прототипот на оваа платформа

1626482
Селчук Бајрактар: Го забрзавме проектот за национален беспилотен борбен авион

Техничкиот директор на компанијата за производство на беспилотни летала (ИХА) „Бајкар Макина“ Селчук Бајрактар во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер соопшти дека е забрзан проектот на националниот беспилотен борбен авион и дека за има за цел во 2023 година да биде остварен првиот лет на прототипот на оваа платформа.

Селчук Бајрактар рече: „Работењето на беспилотни борбени авиони со пониски трошоци опремени со вештачка интелигенција коишто ќе бидат моќ за промена на играта во иднина, користењето во јато на овие системи, како и на сферите на развиена автономност и умна употреба, исто како и кај нашите платформи на наоружани и ненаоружани летала (С/ИХА) може да не внесе меѓу лидерските земји во светот.“

Нагласувајќи дека во последно време е забрзан проектот на национален беспилотен борбен авион, Селчук Бајрактар ја изнесе следната констатација: „Нашата цел е во 2023 година да го оствариме првиот лет на прототипот на оваа наша платформа. Мојата препорака до нашите млади и нашите млади иницијатори кои сакаат да работат во оваа сфера, ќе биде особено да се усмерат во сфери на најкритичните технологии на беспилотните платформи. Од денеска треба да се подготвуваме за трките за иднината и треба да целиме кон лидерство онаму кадешто оди светот.“

 



Слични вести