Министерот за здравство Коџа: Во скоро време ќе биде ставена во примена и вакцината „Спутник В“

Министерот за здравство Коџа истакна дека во скоро време во Турција ќе биде ставена во примена и вакцината „Спутник В“ којашто е развиена од страна на Русија против новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1626688
Министерот за здравство Коџа: Во скоро време ќе биде ставена во примена и вакцината „Спутник В“

Министерот за здравство Фахреттин Коџа во дадената изјава по состанокот на Научниот совет за коронавирусот кој се одржа преку видео-конференција, истакна дека во скоро време во Турција ќе биде ставена во примена и вакцината „Спутник В“ којашто е развиена од страна на Русија против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Министерот Коџа рече: „Се намали брзината на раст на случаите со Ковид-19 во Турција. Отсега со ограничувањата и придржување кон мерките бројот на случаите ќе опаѓа.“

Велејќи „Би сакал да ги кажам тоа дека во скоро време ќе биде ставена во примена и вакцината 'Спутник В' “, - Фахеттин Коџа го истакна следното: „Нашиот кандидат за инактивна вакцина е пред завршување на втората фаза од своите испитувања. Во текот на месец мај ќе се премине во третата фаза, последниот чекор. Деновиве во нашата Градска болница во Анкара ќе започне првата фаза од клиничките студии на уште една наша трета инактивна вакцина.“

Министерот за здравство Фахреттин Коџа воедно додаде дека Турција фрла значајни чекори на патот да се стекне со сопствената сила со 7 различни платформи на вакцина.



Слични вести