Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез: Првиот FSRU брод на Турција пристигна во земјата

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез истакна дека првиот брод (FSRU-Пловечка единица за регасификација на складирање) за ЛНГ складирање и гасификација на Турција „Ертугрул Гази“ пристигна во пристаништето на Хатај

1626429
Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез: Првиот FSRU брод на Турција пристигна во земјата

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер соопшти дека првиот брод (FSRU-Пловечка единица за регасификација на складирање) за ЛНГ складирање и гасификација на Турција „Ертугрул Гази“ кој е регистриран на име на Турскиот поморски регистар, пристигна во пристаништето на Хатај.

Донмез истакна дека бродот „Ертугрул Гази“ е првиот брод за ЛНГ складирање и гасификација на кој е поставено турското знаме.

Велејќи дека по постапките за сертификација бродот се укотви во пристаништето во Дортјол во Хатај, министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез рече: „Нашиот брод којшто по работите за негово тестирање ќе ги започне и своите задачи, ќе придонесе за безбедноста на снабдувањето со природен гас на нашата земја. Нека е аирлија за нашата земја.“

„FSRU“ бродот „Ертугрул Гази“ е долг 295 метри, широк 46 метри и висок 63 метри.

Бродот е изграден минатата година во Јужна Кореја и со капацитет на гасификација од 28 милиони кубни метри гас дневно се наоѓа на чело на бродовите со највисок капацитет на гасификација.

Капацитетот на складирање на ЛНГ на бродот пак, изнесува околу 170 илјади кубни метри.

Турција, со своите инвестиции за складирање на природен гас и FSRU (Пловечка единица за регасификација на складирање) има за цел да складира 10 милијарди кубни метри природен гас што изнесува 20 отсто од нејзината годишна потрошувачка.

 



Слични вести