Турција подготвува ВЛП вакцина против Ковид-19 која се наоѓа меѓу најиновативните вакцини

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк се вакцинира доброволно за првата фаза од испитувањата врз луѓе на вакцината против новиот тип коронавирус (Ковид-19) со ВЛП база чии студии продолжуваат во Онколошката болница во Анкара

1623340
Турција подготвува ВЛП вакцина против Ковид-19 која се наоѓа меѓу најиновативните вакцини

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк стана доброволец за првите тестирања врз луѓе на кандидатот за домашна вакцина којшто се базира на честички слични на вирус (наречен ВЛП или VLP) развиен против новиот тип коронавирус (Ковид-19) и кој се прифаќа како еден од најиновативните методи за развивање на вакцина. 

Министерот Варанк се вакцинира доброволно за првата фаза од испитувањата врз луѓе на вакцината против новиот тип коронавирус (Ковид-19) со ВЛП (VLP) база чии студии продолжуваат во Онколошката болница во Анкара. 

Мустафа Варанк во дадената изјава по примањето на вакцината, истакна дека ВЛП (VLP) е најиноватина технологија на вакцина во Турција и во светот и напомена дека поради тоа што технологијата на честички слични на вирус е иновативна технологија може да се дизајнира и креира и за новите мутации.

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк воедно нагласи дека и резултатите на домашната вакцина ќе бидат многу различни и поефикасни вакцините во светот.

Почнувајќи од 4 мај ќе се премине на втората фаза од испитувањата на кандидатот на домашната вакцина којшто се темели на честички слични на вирус (наречен ВЛП или VLP).

 



Слични вести