Се премина на последната фаза од испитувањата на домашната вакцина на Турција против Ковид-19

По постигнатиот успех во првата фаза успешно заврши и втората фаза од испитувањата за развивање на домашната вакцина на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1623582
Се премина на последната фаза од испитувањата на домашната вакцина на Турција против Ковид-19

Успешно е завршена и втората фаза од испитувањата на кандидатот за домашна вакцина на Турција којашто се развива против новиот тип коронавирус (Ковид-19) на Универзитетот Ерџијес во Кајсери (ERÜ). 

Истражувачите на Универзитетот работат деноноќно за што поскоро развивање на домашната вакцина против Ковид-19. 

По постигнатиот успех во првата фаза од испитувањата, успешно заврши и втората фаза од испитувањата.

Како што се истакнува кај домашната и национална вакцина на Турција којашто во првата фаза од испитувањата е применувана на 45 доброволци, а во втората фаза на 250 доброволци, не се забележани било какви нуспојави.

Со претпазливост се водат работите и за започнување на третата и последна фаза од испитувањата.

Третата фаза од испитувањата којашто е пообемна, ќе се спроведува врз илјадници доброволци во меѓународни рамки. 

Доколку и овој процес биде завршен успешно Турција ќе се здобие со својата домашна вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

 



Слични вести