Фајзер: Можеби ќе треба трета доза вакцина против Ковид-19

„Фајзер“ (Pfizer) и „БиоНТек“ (BioNTech) во февруари соопштија дека за да се разбере подобро инунолошката реакција против новите варијанти на вирусот ја тестираат третата доза на вакцината против Ковид-19

1622710
Фајзер: Можеби ќе треба трета доза вакцина против Ковид-19
Pfizer Biontech aşı.jpg
dünya_covid-19.jpg

Американската фармацевтска компанија Фајзер соопшти дека луѓето кои примаат вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19) можеби ќе имаат потреба од трета доза вакцина најдоцна во рок од 12 месеци.

Извршниот директор на компанијата Алберт Бурла рече: „Според можно сценарио, некаде помеѓу 6 и 12 месеци ќе има потреба од трета доза и луѓето ќе треба да се вакцинираат наново секоја година. Појавата на нови видови вируси (мутации) ќе одигра важна улога во донесувањето на оваа одлука.“

Како што се истакнува, податоците на Фајзер се базираат на повеќе од 2 илјади вакцинирани лица, но се вели дека потребни се повеќе податоци за да се утврди дали заштитата продолжува и после 6 месеци.

„Фајзер“ (Pfizer) и „БиоНТек“ (BioNTech) во февруари соопштија дека за да се разбере подобро инунолошката реакција против новите варијанти на вирусот ја тестираат третата доза на вакцината против Ковид-19.

Исто така и извршниот директор на „Џонсон и Џонсон“ (Johnson & Johnson) Алекс Горски, истакна дека луѓето можеби ќе треба да примаат вакцина против Ковид-19 секоја година, исто како и вакцините против сезонскиот грип.

 

 



Слични вести