Данска вакцините коишто не ги употребува планира да им ги испрати на сиромашните земји

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) Ханс Клуге информира дека Данска размислува вакцината „АстраЗенека“ на сиромашните земји откако престана да ја користи поради нуспојави како што е згрутчување на крвта

1622608
Данска вакцините коишто не ги употребува планира да им ги испрати на сиромашните земји

Данска која вели дека вакцините „АстраЗенека“ се многу опасни и чија употреба ја прекина, овие вакцини со коишто располага, планира да им ги испрати на сиромашните земји. 

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа Ханс Клуге соопшти дека вакцините ќе им бидат споделени на неразвиените земји и рече: „Министерството за надворешни работи на Данска е спремно за раздавање на вакцините и ги истражува опциите.“

Инаку, по вакцинацијата во Данска со вакцината „АстраЗенека“ кај некои лица е забележано згрутчување на крвта, додека надлежни истакнаа дека вакцината „АстраЗенека“ има нуспојави како што се невообичаено згрутчување на крвта, крварење, низок број на тромбоцити.

Претходно е сопрена употребата на вакцините на „АстраЗенека“ во 19 земји. 

Меѓу лицата вакцинирани со оваа вакцина имаше смртни случаи поради згрутчување на крвта.

 



Слични вести