Фотографиите на „Езерото Ван“ и „Ѕвездите во движење од Петит“ во финалето на натпреварот на НАСА

Во финалето на натпреварот на НАСА за избор на најдобра фотографија преку интернет, по име „Светски турнир“ се натпреваруваат фотографиите на „Езерото Ван“ и „Ѕвездите во движење од Петит“

1619181
Фотографиите на „Езерото Ван“ и „Ѕвездите во движење од Петит“ во финалето на натпреварот на НАСА
517289-bakan-ersoy-dan-nasa-yarismasindaki-van-golu-fotografina-destek-cagrisi-60733db62c0f6.jpeg

Фотографијата на Езерото Ван сликана од вселената стана една од двете фотографии кои се пласираа во финалето на натпреварот за избор на најдобра фотографија преку интернет, во виртуелна средина, по име „Светски турнир“, а во организација на Американската агенција за вселенски истражувања (НАСА).

На натпреварот „Светски турнир“ којшто се организира од страна на НАСА секоја година, оваа година на 8 март беа претставени 32 фотографии.

Од нив две фотографии останаа во финалето и тоа фотографијата на „Езерото Ван“  и фотографијата „Ѕвездите во движење од Петит“.

Гласачите денеска (12 април) до 12:00 часот ќе можат да ја изберат својата омилена фотографија на интернет адресата earthobservatory.nasa.gov/tournament-earth

Во меѓувреме, се упатени и повици за поддршка на гласањето за избор на фотографијата на Езерото Ван од страна на министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој и од министерот за младина и спорт Мехмет Мухаррем Касапоглу.

Исто така повик за поддршка за избор на фотографијата на Езерото Ван во финалето на натпреварот на НАСА пристигна и од сопругата на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, Емине Ердоган.



Слични вести