Успешно завршени тест летовите на средна височина на офанзивното беспилотно летало „Акинџи ПТ-3“

Техничкиот директор на „Бајкар“ Селчук Бајрактар соопшти дека успешно се завршени тест летовите на третиот прототип на офанзивното беспилотно летало (ТИХА) „Акинџи ПТ-3“ (Akıncı PT-3)

1618841
Успешно завршени тест летовите на средна височина на офанзивното беспилотно летало „Акинџи ПТ-3“

Успешно се завршени тест летовите на третиот прототип на офанзивното беспилотно летало (ТИХА) „Акинџи ПТ-3“ (Akıncı PT-3) на средна надморска височина, кој е развиен од страна на компанијата производител на беспилотни летала „Бајкар Макина“.

Техничкиот директор на „Бајкар“ Селчук Бајрактар во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека успешно се завршени тест летовите на прототипот на средна надморска височина и го напиша следното: „Слободни на нашето небо.“

Селчук Бајрактар во објавата го сподели и видеото со тест летот на  „Акинџи ПТ-3“. 

Техничкиот директор на „Бајкар“ Селчук Бајрактар во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер на 27 март соопшти дека третиот прототип на офанзивното беспилотно летало (ТИХА) Бајрактар Акинџи „Акинџи ПТ-3“ (Akıncı PT-3) успешно го реализира својот прв лет.

Турските наоружани беспилотни летала (СИХА) со перформансот на бројните полиња во Сирија, Либија и Карабах ја докажаа доминацијата и надвласта над своите ривали.

 



Слични вести