Успешно тестиран првиот хибриден мотор на Турција за испраќање на свое вселенско летало на Месечината

Министерот за технологија и индустрија Мустафа Варанк соопшти дека националниот и оригинален хибриден ракетен мотор на вселенското летало без екипаж за кое се има за цел да биде испратено на Месечината, успешно го помина првиот испит

1619096
Успешно тестиран првиот хибриден мотор на Турција за испраќање на свое вселенско летало на Месечината

Националниот и оригинален хибриден ракетен мотор со којшто ќе биде лансирано првото вселенско летало без екипаж за кое се има за цел да биде испратено на Месечината во 2023 година во рамките на Националната вселенска програма на Турција, успешно го помина својот прв испит.

Министерот за технологија и индустрија Мустафа Варанк  соопшти дека националниот и оригинален хибриден ракетен мотор на вселенското летало без екипаж за кое се има за цел да биде испратено на Месечината, успешно го помина првиот испит.

Министерот Варанк вчера беше во посета и обиколка на Постројката за палење (стартување) на ракетен мотор во Шиле во Истанбул на Акционерското Друштво за вселенски технологии „Делта В“ (Delta V) како подружница на Претседателството за одбранбена индустрија при претседателството.

Притоа со дадениот знак за старт од страна на министерот Мустафа Варанк најпрвин е реализиран тестот на вертикално палење на погонскиот систем на Хрибридната сонда ракета (СОРС или SORS) која е развиена од страна на „Делта В“ (Delta V) и која ќе ја надмине границата на вселената. Второто палење (стартување) пак, е реализирано за хибридниот ракетен мотор за којшто се планира да се користи во мисијата на Националната вселенска програма за „остро слетување на Месечината“ во 2023 година.

И двата мотори функционираа без проблеми во текот на планираното време.

Во наредните месеци со тестови за истрелување ќе се реализира „демонстрација на лет“.

Како што се истакнува „СОРС“ (SORS) којшто е едниот од најголемите ракетни системи на Турција истовремено располага со технолошки најнапредниот хибриден ракетен мотор на светот, содржи течен оксидатор и цврсто гориво и е иновативна технологија.

 



Слични вести