Заврши вакцинацијата на 250 доброволци во втората фаза од испитувањата на домашната вакцина на Турција

Заврши процесот на вакцинација на 250 доброволци во втората фаза од испитувањата на домашната вакцина на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19)

1618220
Заврши вакцинацијата на 250 доброволци во втората фаза од испитувањата на домашната вакцина на Турција

Стигнато е до значајна фаза во работите за испитување на домашната вакцина на Турција којашто се развива против новиот тип коронавирус (Ковид-19), а на која се работи на Универзитетот Ерџијес во Кајсери (ERÜ).

Заврши вакцинацијата на 250 доброволци во рамките на втората фаза од испитувањата на домашната вакцина.

Тоа што досега не се забележани тешки нуспојави кај досега вакцинираните доброволци ги зголеми и надежите за домашната вакцина.

Извештајот за ефикасноста на кандидатот за вакцина на Турција против Ковид-19 ќе биде објавен на крајот на април. Потоа ќе започне процесот на третата фаза од испитувањата врз илјадници доброволци во меѓународни рамки. 

Од друга страна, потпретседателот Фуат Октај кој го посети Центарот за клинички истражувања во Градската болница Анкара, во дадената изјава овде во врска со работите за домашна вакцина истакна дека е постигнат напредок во работите за подготвување за употреба на домашната вакцина против новиот тип коронавирус (Ковид-19) и дека на три кандидати за домашна вакцина се започнати тестирањата врз луѓе.

 



Слични вести