Фотографијата на Езерото Ван се пласира во финалето на натпреварот за најдобра фотографија на НАСА

Фотографијата на Езерото Ван во финалето на натпреварот за избор на најдобра фотографија на Американската агенција за вселенски истражувања (НАСА) ќе се натпреварува со фотографијата „Ѕвездите во движење од Петит“

1616803
Фотографијата на Езерото Ван се пласира во финалето на натпреварот за најдобра фотографија на НАСА

Фотографијата на Езерото Ван сликана од вселената се пласира во финалето на натпреварот за избор на најдобра фотографија на Американската агенција за вселенски истражувања (НАСА).

НАСА секоја година организира натпревар за избор на најдобра фотографија на Земјата снимени од страна на астронаутите.

На натпреварот по име „Светски турнир“ којшто се организира преку интернет, во виртуелна средина, фотографијата на Езерото Ван кое инаку е најголемото алкално езеро на светот, остана за финалето.

Сликаната фотографија од страна на астронаутката Кејт Рубинс на 12 септември 2016 година, елиминирајќи ја својата противничка во полуфиналето фотографијата „Облак-кулата Кастеланус“ го освои првото место во категоријата „Спокојство“.

Така сега фотографијата „Езерото Ван“ за првото место ќе се натпреварува со фотографијата „Ѕвездите во движење од Петит“ којашто е сликана во 2021 година над американскиот континент.

Фотографијата „Езерото Ван“ во полуфиналето освои 94 отсто од гласовите во однос на својата противничка фотографијата „Облак-кулата Кастеланус“, додека нејзината противничка во финалето „Ѕвездите во движење од Петит“ во полуфиналето освои 60 гласови.

Фотографиите, кои прикажуваат уникатни прикази на планетата, беа собрани во четири групи - Единство, Купола, Судбина и Спокојство - засновани на четири модули на вселенската станица.

Фотографијата „Ѕездите во движење од Петит“ беше во групата Единство, додека фотографијата „Езерото Ван“ беше во групата Спокојство.

Во последната рунда од гласањето кое ќе заврши на 12 април се обезбедува учество преку официјалната интернет страница на НАСА.

Гласачите до 12 април напладне според источноамериканско време (1600 GMT) ќе можат да ја изберат својата омилена фотографија на интернет адресата earthobservatory.nasa.gov/tournament-earth

 

 



Слични вести