Домашната интраназална вакцина на Турција ефикасна и против британската варијанта на Ковид-19

По реализираните независни клинички истражувања е утврдено дека домашната интраназална  вакцина на Турција против Ковид-19 е ефикасна и против британската варијанта (британскиот сој) на вирусот

1613766
Домашната интраназална вакцина на Турција ефикасна и против британската варијанта на Ковид-19

Домашната интраназална  вакцина на Турција против новиот тип коронавирус (Ковид-19) која се администрира преку нос во вид на спреј (спреј вакцина), по реализираните независни клинички истражувања е утврдено дека е ефикасна и против британската варијанта (британскиот сој) на вирусот.

Членот на Управниот одбор на компанијата за Нанографија формирана во „Teknokent“ (технолошкиот град) на Техничкиот универзитет Блиски исток ОДТУ (ODTÜ) Јунус Емре Дели, информира дека истражувањето е започнато во февруари 2020 година и сите тестирања се реализирани во лаборатории со меѓународни стандарди.

Дели истакна дека интраназалната вакцина која различно од моделите на интерактивни и мРНА (mRNA) вакцини е дизајнирана на база на протеини и чии предклинички испитувања се завршени, во скоро време ќе ги започне испитувањата од првата фаза.

Јунус Емре Дели рече: „Иако интраназалната вакцина е развиена против сојот (различните видови на вируост) на коронавирусот кој се појави во Вухан (во Кина), во тестирањата реализирани во независни лаборатории се окажа дека таа е ефикасна и против британската варијанта на вирусот.“

Нагласувајќи дека процесите од клиничките испитувања на вакцината се предвидува да бидат завршени во текот на 2021 година, Јунус Емре Дели ја даде и следната информација: „Интраназалната вакцина во постројката за производство со сегашниот капацитет ќе може да се произведува годишно по 250 милиони дози.“

 



Слични вести