Вакцината на „БиоНТек/Фајзер“ 100-процентно ефикасна кај децата од 12 до 15 години

„Фајзер“ и „БиоНТек“ соопштија дека во истражувањата спроведени во три фази кај 2.260 деца од 12 до 15 години е добиена 100-процентна ефикасност

1612365
Вакцината на „БиоНТек/Фајзер“ 100-процентно ефикасна кај децата од 12 до 15 години

Како што е соопштено вакцината против новиот тип коронавиурс (Ковид-19) на американската фармацевтска компанија „Фајзер“ и германската компанија „БиоНТек“ е 100-процентно ефикасна во спречувањето на инфекцијата кај децата од 12 до 15 години.

„Фајзер“ и „БиоНТек“ соопштија дека истражувањата биле спроведени во три фази кај 2.260 деца од 12 до 15 години.

Во соопштението се истакнува дека вакцините во значителна мера го заживеале имуниот систем на децата (младите) и дека е согледано оти децата развиле поголем број антитела против вирусот во споредба со возрасните.

Од друга страна, е соопштено дека не се забележани случаи на инфектирање кај младите кои се вакцинирирани, меѓутоа 18 млади кои се вакцинирани со плацебо (лажна) вакцина се заразени од вирусот.

Вакцината „БиоНТек/Фајзер“ имала слични нуспојави кај младите исто како и кај возрасните и кај вакцинираните млади особено по примање на втората доза вакцина биле забележани симптоми како што се температура, замор, болка и треска.

Како што се истакнува „БиоНТек“ (BioNTech) планира да се одобри до американската Управа за храна и лекови (FDA) и до надлежните органи во Европа за одобрување за итна употреба на вакцината кај децата (младите) над 12 години.

Испитувањата на вакцината на „БиоНТек/Фајзер“ кај децата (бебињата) од 6 месеци до 11 години пак, продолжуваат.

 



Слични вести