Бродот за сондажа „Фатих“ во лежиштето „Туркали-2“ во Црното Море достигна до длабочина од 3.950 метри

Според објавата на профилот на Турската нафтена компанија (ТПАО) на социјалната мрежа Твитер, работите на бродот за сондажа „Фатих“ во „Туркали-2“ во гасното поле „Сакарја“ во Црното Море траеја 53 дена и е дојдено до длабочина од 3.950 метри

1612164
Бродот за сондажа „Фатих“ во лежиштето „Туркали-2“ во Црното Море достигна до длабочина од 3.950 метри

Бродот за сондажа „Фатих“ во второто утврдено лежиште со длабоко поморско дупчење „Туркали-2“ во гасното поле „Сакарја“ во Црното Море, достигна до длабочина од 3.950 метри.

Според објавата на профилот на Турската нафтена компанија (ТПАО) на социјалната мрежа Твитер, работите на бродот за сондажа „Фатих“ во „Туркали-2“ во гасното поле „Сакарја“ во Црното Море траеја 53 дена.

Длабочината во морето до којашто е дојдено во лежиштето „Туркали-2“ изнесува 2.135 метри, а последната длабочина изнесува 3.950 метри.

Во споделената објава се истакнува дека успешно се завршени работите во лежиштето и се вели следното: „Продолжуваме да работиме непрекинато за 'Независна енергија, силна Турција'.“

Бродот за сондажа „Фатих“, ги продолжува своите подготовки во пристаништето Филјос пред сондажата којашто ќе ја реализира со истражувачка цел во областа на гасното поле Северна Сакарја за којашто е соопштено дека ќе се нарекува лежиште „Амасра-1“



Слични вести