Домашната спреј-вакцина против Ковид-19 ќе почне да се применува во текот на оваа година

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк информира дека домашната интраназална вакцина (спреј-вакцина) којашто е развиена против новиот тип коронавирус (Ковид-19) се има за цел да почне да се применува во текот на оваа година

1611223
Домашната спреј-вакцина против Ковид-19 ќе почне да се применува во текот на оваа година

Домашната интраназална вакцина (спреј-вакцина) којашто е развиена против новиот тип коронавирус (Ковид-19) се има за цел да почне да се применува во текот на оваа година.

Министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк во дадената изјава во Анкара информираше во врска со последната состојба во работите за развивање на домашна вакцина против Ковид-19.

Министерот Варанк соопшти дека спреј-вакцината (интраназална, во вид на спреј за нос) се има за цел да почне да се применува во текот на оваа година.

„За нашиот домашен кандидат за вакцина чии предклинички испитувања се завршени успешно, по мошне кусо време ќе се започне со првата фаза испитувања врз луѓе. Се очекува одобрение од Институцијата за лекови и медицински уреди на Турција (TİTCK) при Министерството за здравство. По завршувањето на сите клинички фази по брза постапка имаме за цел овој нов вид вакцина да почнеме да ја ставиме во примена во текот на годината.“ - рече министерот за индустрија и технологија Мустафа Варанк.



Слични вести