Во Турција досега се реализирани повеќе од 14 милиони 948 илјади вакцини против Ковид-19

Во Турција досега се извршени повеќе од 14 милиони 948 илјади вакцини против Ковид-19, а воедно започна вакцинацијата и на граѓаните над 60 години и на некои болни кои спаѓаат во ризични групи

1610422
Во Турција досега се реализирани повеќе од 14 милиони 948 илјади вакцини против Ковид-19

Во Турција досега се извршени вкупно повеќе од 14 милиони 948 илјади вакцини против епидемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Општествената имунизација (вакцинација) којашто започна на 14 јануари 2021 година со здравствените работници се одбива без проблеми.

Согласно утврдениот календар од страна на Научниот совет за коронавирусот, Турција во процесот на вакцинација премина во втората група од втората фаза. 

Во тие рамки, се започнати термините за закажување за вакцинација на граѓаните над 60 години и нивните сопруги/сопрузи, како и некои болни лица, кои спаѓаат во ризични групи. 

Во оваа фаза приоритетни за вакцинација ќе бидат лицата кои спаѓаат во ризични групи како лица со морбидна дебелина, малигнен тумор, заболени од рак и на дијализа, лица за кои е поставена дијагноза на Даунов синдром и лица кои се на имуносупресивно лекување.

 



Слични вести