Расте заинтересираноста кон турската одбранбена индустрија во светот

Претседателот за одбранбена индустрија при претседателството Исмаил Демир истакна дека расте заинтересираноста кон турската одбранбена индустрија во светот

1610777
Расте заинтересираноста кон турската одбранбена индустрија во светот

Претседателот за одбранбена индустрија при претседателството Исмаил Демир преку видео-конференција говореше на отворањето на Самитот за одбранбена индустрија организиран од страна на Друштвото за технологии за одбранбена индустрија при Техничкиот Универзитет Јилдиз во Истанбул. 

Исмаил Демир истакна дека турската одбранбена индустрија со реализираните потфати се следи со заинтересираност во светот.

Велејќи дека со зголемување на процентот на домашното производство на Турција во одбранбената индустрија се зголемува и нејзината независност и преговарачка моќ на масата, Демир истакна дека во надворешната политика во уште поголема мера се прифаќа вистината дека Турција е една од водечките сили во регионот во кој се наоѓа.

Претседателот за одбранбена индустрија при претседателството Исмаил Демир подвлече дека Турција во одбранбената индустрија напредува со сигурни чекори на патот да стане земја која извезува технологија, а не која увезува технологија.

 



Слични вести